25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИОвошна диета 80/10/10

Овошна диета 80/10/10

jena-plod-glad-plodove-82601-500x334

Диетата 80/10/10 е исхрана само со сурови производи. Оваа диета дава акцент на овошјето и зеленчукот во големи количини. Диетата 80/10/10 е исто така и прочистувачки режим, на кој можат да се подложат сите кои во последниот период претерале со исхраната.

Што е диета 80/10/10

Името на диетата 80/10/10 доаѓа од пропорциите на намирниците кои треба да ги консумирате. Дневното мени мора да е составено од 80% јаглехидрати, 10% протеини и 10% масти. Ако одлучите да ја држите оваа диета, ќе можете да јадете овошје во големи количини.

Диетата 80/10/10 препорачува да консумирате барем половина килограм зелен лиснат зеленчук на ден – спанаќ, зелена салата, целер и сл. Важно е да не се термички обработени и да не ги зачинувате. Во комбинација со тоа можете да јадете до 2 кг. овошје.

Овошна диета

Како и повеќето диети, така и при исхраната 80/10/10 треба да консумирате големи количества на вода – барем 3-4 литри дневно. Важно е количеството да е распределено рамномерно во рамките на целиот ден, за да има прочистувачки ефект.

Пример мени за еден ден

Појадок

0,5кг. овошје по ваш избор

Ручек

0,5кг. банани

0,5кг. манго

Вечера

0,5кг. овошје по ваш избор

1 чаша крем супа – компир, тиква, домат

Здрава салата (голема чинија) за која ви требаат зелена салата, краставица, спанаќ, авокадо, домати и целер. Измешајте и додадете исцеден лимон.

kantar-plod-plodove-zelenchuk-zelenchuci-82602-500x0

Ако во меѓувреме сте многу гладни можете да се “излажете” со бело пилешко месо или телешко месо. Месните протеини не се типични за оваа диета, но нема да му наштетат толку на режимот.

Правете различни комбинации секој ден, но не додавајте дополнителни намирници.

Вежби при диетата 80/10/10

Тренинзите се силно препорачани при диетата 80/10/10. Аеробикот и кардио вежбите се најпогодни за овој режим. Тие се особено добар избор, бидејќи го дополнуваат детоксикацискиот ефект од диетата.

Позитивни страни на диетата 80/10/10

Диетата 80/10/10 е погодна за одржување на целокупниот тонус на организмот.
Лесна е за почитување, бидејќи не треба да готвите (многу погодна за вработените).
Диетата 80/10/10 го ослободува организмот од токсините.

Негативни страни на диетата 80/10/10

Тешко е да се придржувате до диетата, ако се храните надвор.
Ако не сте вегани или вегетаријанци, тешко ќе го поднесете недостатокот на месни и млечни производи.
Поради не толку разновидното мени, потребно е секојдневно да консумирате мултивитамини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП