18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДачија се сели во Мароко

Дачија се сели во Мароко

dacijja

Од Дачија ја најавија можност да го преориентираат своето производството во Мароко доколку не се најде решение за проблемот кој настана со вработените и нивните плати во фабриката во Романија.

Всушност во текот на изминатиот месец, фабриката на Дачија во Питести престана со производството за два дена откако вработените побараа зголемување на платите за 40 отсто, наместо од 9-те проценти што им ги нудат од раководството на компанијата. Овој штрајк во Дачија, која е најголемиот романски извозник на автомобили, ја чинеше компанијата дваесет милиони евра.

Дачија извезува повеќе од 90 проценти од произведените возила, додека во изминатата година на глобално ниво беа продадени 360.000 автомобили, што претставува зголемување од 4.8 проценти во однос на 2011-та година. Потпретседател на Дачија, Константин Строе нагласува дека ако не се најде решение, најважниот дел од производството ќе биде префрлен во Мароко поради очигледните предности и фактот дека вработените во фабриката во Мароко би заработиле само 54 проценти од платите кои во моментов ги добиваат вработените во Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП