28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИПрочистувачка диета со овошје и зеленчук

Прочистувачка диета со овошје и зеленчук

dieta-otslabvane-plodove-zelenchuci-127804-500x334

Прочистете го организмот за 3 дена со оваа лесна диета со овошје и зеленчук…

Иако не води до трајно намалување на килограмите, прочистувачката диета го подобрува варењето и е идеална за летото, бидејќи содржи лесни јадења во умерени количини.

Прочистувачката диета со овошје и зеленчук е создадена од страна на експертот за исхрана Џеј Роб. Нејзината цел е чистење на организмот, подобрување на варењето и брзо намалување на килограмите. Прочистувачката диета со овошје и зеленчук комбинира во себе протеински пијалоци и свежа храна.

Прочистувачката диета се држи 3 последователни дена. Ако се чувствувате подобро од неа, можете да ја почитувате секоја недела, но не повеќе од 12 последователни недели. Треба да сте во добра здравствена состојба, кога ќе одлучите да ја држите оваа диета.

Ден 1 – Подготовка за прочистување

Првиот ден од прочистувањето е важно да се подготвите за следните 2 дена. Во овој ден треба да пиете по околу 150 мл. протеински шејк на 2 часа.

Како да го приготвите протеинскиот шејк?

1 л. вода и протеински прашок – според упатството (со ниска содржина на шеќер).

1 час по земањето на протеинскиот шејк и пред да го испиете следниот, треба да испиете барем 2-3 чаши вода. Авторот на диетата препорачува водата да е прочистена низ филтер или да е флаширана.

Во 18:00 часот е време за вечера. Можете да изедете меѓу 3 – 6 чаши салата од свеж зеленчук. Нема ограничувања, но препораката е да има многу зелен лиснат зеленчук. Ако сте многу гладни, додадете 100-200гр. пилешко, риба или мисиркино месо. Не заборавајте повторно да пиете многу вода.

Ден 2 и ден 3 – Прочистување

Вториот и третиот ден е всушност реалното прочистување. Во текот на денот се јаде многу овошје, а за вечера – повторно зеленчук и протеински шејк. Пример мени за ден 2 и ден 3 од прочистувачката диета.

8 часот – 1/2 диња

10 часот – 2 чаши малини

12 часот – 1 банана

14 часот – 2 средни јаболка

16 часот – 300 гр. лубеница

18 часот – 3-6 чаши салата од свеж зеленчук и протеински шејк (300 мл. вода + 5 лажици протеински прашок)

Важно: Не заборавајте меѓу оброците да пиете најмалку 2-3 чаши вода.

Забранета храна и пијалоци:

-кафе

-овошен сок

-газирани пијалоци

-конзервирано, сушено и замрзнато овошје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП