Компанијата „Samsung“ на конференцијата „DisplayWeek“ во Сан Франциско претстави 5,5-инчен екран со „4K“ резолуција кој е дизајнирана за „VR“ (виртуелна реалност).
„4K“ резолуцијата има 3.840×2.160 пиксели за „VR“ и има 806 пиксели по инч, изгледа импресивно и нуди одлична светлост, боја и контраст.
Актуелните премиум смартфони на „Samsung“, моделите „Galaxy S7“ и „S7 Edge“ имаат „Quad HD“ екрани со резолуција од 2.560×1440 пиксели.
Компанијата „Samsung“ на споменатата конференција претстави и нова технологија фокусирана на „VR“ наречена „Bio Blue“. Oваа технологија ја прикажува помалку потенцијалната штетна сина светлина (6 отсто во однос на 32 проценти во случај кај „AMOLED“ екраните) и им овозможува на корисниците подолго да уживаат во „VR“ со многу помал ризик.
Минатата година „Sony“ го претстави смартфонот „Xperiа Z5 Premium“, првиот паметен телефон со „4K“ резолуција со 806 ppi.