25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle со алергиски тестови влегува во секторот медицинска опрема

Nestle со алергиски тестови влегува во секторот медицинска опрема

nestle 39

Швајцарскиот прехранбен гигант Nestle објави во вторникот дека ќе вложи 100 милиони евра во развој на производството на експерименталните алергиски тестови на кравјо млеко наменети за доенчињата.

Швајцарската компанија ќе и плати авансно на француско-американскиот производител „DBV Technologies“ 10 милиони евра за правата на тестовите во форма на фластери со кои се утврдува алергија на протеини во кравјото млеко. Конечната сума за трансакцијата ќе зависи од нивниот успешен развој, објавија во вторникот двете компании.

„DBV Technologies“ би требало да добие дополнителни 90 милиони евра паралелно за остварување развојни, регулаторни и комерцијални цели, и во завршната фаза на ројалитети за продажба на тестовите.

Трансакцијата го потврдува целите на Nestle за одделот за медицинска опрема „Health Science“ чии годишни приходи според прецените во компанијата би можел да надминат10 милијарди швајцарски франци. Воедно тоа ќе претставува дополнување на работата на Nestle со формулите за доенчиња и би можело да помогне во зголемувањето на продажбата на исхрана за доенчињата за групата деца кои се алергични на храна.

Швајцарската компанија веќе потпиша низа слични договори со мали компании во рамките на настојувањата да креира нов оддел кој би ја споил прехранбената дејност со медицинската опрема. Целта е да се најдат мови методи за лекување, дијагностицирање и спречување цела низа болести, од гастроинтестиналните проблеми до Алцхајмеровата болест.

Според наводите на двете компании, на кравјото млеко се алергични два до три отсто доенчиња и мали деца. Многу други деца, исто така, имаат симптоми кои укажуваат на можна алергија, па постои потребата за поедноставен дијагностички тест. Тој мора да мине низ опсежно клиничко тестирање за да биде одобрен. Во DBV очекуваат дека на регулаторите ќе им го упатат соодветното барање најдоцна до 2021 година.

Имајќи го предвид стареењето на популацијата во многу земји во светот и зачестените заболувања поврзани со животните стилови, во Nestle сметаат дека одделот за медицинска опрема им создава големи можности, иако воедно ги соочува со големи предизвици бидејќи влегуваат во стриктно регулирана област на здравствената грижа.

За DBV продажбата на тестови на Nestle претставува потврда на вредноста на технологијата за тестови во форма на фластери „Viaskin“. Тие веќе се во фаза на клиничко тестирање на алергиските тестови на кикирики, додека алергискиот тест на јајца е во почетна фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП