29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско домаќинство – 1 од 28 нема телевизор, а 1 од 100...

Македонско домаќинство – 1 од 28 нема телевизор, а 1 од 100 има клавир

tv

12.5% од домаќинствата во Македонија немаат правосмукалка, 4.5% немаат пегла, 7.3% немаат машина за перење, 3.8% немаат бојлер, 3.5% немаат телевизор, а 1.5% немаат фрижидер.

Според најновата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) „Потрошувачката за домаќинствата во 2015-та“состојбата е полоша кај полуксузните апарати за домаќинство. Само 9.6% имаат видео камера, 15.6% машина за миење садови, 30.1% клима уред, 63% компјутер со пристап на интернет.

0.9% од македонските семејства поседуваат клавир, а 2.5% гитара.

Секоја година се намалува бројот на корисници на фиксен телефон. Во 2013-та приклучок имале 64.8% од семејствата, во 2014-та 56.4%, а во 2015-та само 52.6%. Претплатниците на мобилната телефонија останале речиси непроменети последниве три години – околу 86% од семејствата поседуваат мобилен апарат.

56.5% од семејствата имаат барем еден автомобил, 1.4% имаат и камп приколка, 0.4% чамец, 8.6% мотор, а 36.6% велосипед.

Статистичарите пресметале и дека лани 4.7% од вкупната заработувачка на семејствата се потрошила за мебел и друга опрема за домот.

Најмногу пари, 38.5%, се одлеале на храна и пијалаци; 3.5% на цигари и алкохол; 13.7% на кирии, струја, вода и други комунални услуги; 6% на облека,. Во ресторани и хотели биле потрошени 3.5% од семејниот буџет, за рекреација и култура отишле 2.5% од заработеното, за здравствени услуги 3.8%, а за образование 0.4%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП