20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во Германија забележа неочекуван пад во април

Продажбата на мало во Германија забележа неочекуван пад во април

germanska kesa

Продажбата на мало во Германија забележа пад во април, поголем од предвидувањата, покажуваат податоците на федералната служба за статистика „Destatis“.

Тие се намалуваат за 0,9% на месечна основа, што е подобар резултат од овој во март, кога падот беше 1,1%, но далеку под пазарните очекувања за зголемување од 0,9%.

На годишна основа на продажбата на мало во најголемата економија во еврозоната расте за 2,3 отсто, по зголемувањето од 0,6% во март. Резултатите за април ги надмина прогнозите за 1,7% раст.

Индексот на продажбата на мало е важна мерка на потрошувачката и компонента од БДП-то.

И покрај изненадувачките податоци, германската економија се радуваше на позитивни случувања во последно време. БДП-то на земјата забележа раст од 0,7% во првиот квартал на 2016-та година, што е значително подобар резултат од последните три месеци од минатата година, кога економијата порасна за 0,3%.

Покрај тоа потрошувачките цени во мај избегнаа дефлација.

Индексот на инвеститорската доверба на Центарот за европски економски истражувања (ZEW) сепак се намали од 11,2 поени во април до 6,4 поени во мај во позадина на очекувањата за раст до 12 поени.

Од друга страна бизнис климата се подобрува, покажаа податоците на Институтот за економски истражувања (Ifo) во Mинхен чиј индекс се зголеми од 106,7 до 107,7 поени во мај, што е над пазарните очекувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП