29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеле ги продава своите трофеи

Пеле ги продава своите трофеи

pele 8884

Пеле, трикратен светски првак со Бразил, еден од најдобрите во историјата на фудбалот и официјално најдобриот играч во 20-от век, на аукција ги ставил сите предмети кои ја одбележале неговата кариера.

„Сакам да им овозможам на сите фудбалски вљубеници да сочуваат дел од историјата, да можат да им раскажуваат на своите деца и на генерациите кои доаѓаат“, рекол легендарниот Бразилец, кој од почетокот на годината имаше две операции, на колкот и простатата.

„Не знам дали се решил да ги продава трофеите од здравствени или деловни причини. Тоа го знае само тој. Јас знам дека вредноста на овие предмети се проценува на пет милиони евра“, рекол Ден Нилс од аукциската куќа која ја организира продажбата.

Откако во 1970 година, со Бразил ја освои третата титула светски првак, ФИФА реши само за Пеле да го изработи трофејот на Жил Риме. Овој трофеј се очекува да достигне цена од околу еден милиони долари.

Златните медали од трите светски првенства се проценуваат на 200.000 долари, а топката со која го постигнал својот илјадити гол на 50.000 долари.

Аукцијата ќе се одржи во Лондон и ќе трае три дена, а ќе можат да учествуваат луѓе од целиот свет бидејќи ќе биде организиран и пренос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП