20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната повторно во дефлација

Еврозоната повторно во дефлација

еврозона

Малопродажните цени во еврозоната во мај повторно паднаа, трет пат во последните четири месеци, соопшти статистичката служба на Европската унија.

Еуростат наведе дека инфлацијата на годишно ниво во мај била во минус 0,1 проценти, што е малку повеќе од априлските минус 0,2 проценти.

Негативната мајска инфлација била очекувана и веројатно нема да ги промени очекувањата дека Европската централна банка на состанокот во четврток ќе се воздржи од новите мерки на поттикнување.

Претходните мерки, како намалувањето на каматните стапки на нула и проширувањето на програмата за откуп на обврзници, допрва треба да ги покажат своите ефекти. Тие се воведни со цел инфлацијата да се зголеми на нешто под два проценти.

Евростат соопшти дека невработеноста во еврозоната во април била на 10,2 проценти, колку и претходниот месец, иако во април минатата година била на 11 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП