29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите компании во светот во 2016-та година

Најголемите компании во светот во 2016-та година

icbc 3555

Кинески банки остануваат на првите три места во овогодинешното рангирање на најголемите компании во светот според „Forbes“.

„Industrial and Commercial Bank of China“ (ICBC), „China Construction Bank“ и „Agricultural Bank of China“ ги задржуваат своите позиции, и покрај забавувањето со растот на кинеската економија, кој влијаеше на профитот и ja префрли „Bank of China“ од четврта на шеста позиција.

За изготвување на листата од „Forbes“ беше користен вкупен резултат од приходите, профитот, средствата и пазарната вредност. Во овогодинешното рангирање се вклучени компании од 63 држави, кои заедно имаат 35 илјади милијарди долари приходи, 2,4 илјади милијарди долари добивка, 162 илјади милијарди долари средства и имаат заедничка пазарна капитализација од 44 илјади милијарди долари. И четирите показатели бележат пад во споредба со минатогодишната листа.

Компaнијата на Ворен Бафет „Berkshire Hathaway“ се искачува со едно место во рангирањето – до четвртата позиција. „Apple“, која ја зазема осмата позиција, се враќа во првите десет. Банките се меѓу најпрофитабилните во оваа година. „JPMorgan Chase“ се искачува на листата до петтата позиција, додека „Wells Fargo“ исто влегува во првите десет. „Bank of America“ и „Citigroup“ влегуваат во првите 15. Енергетските компании ги отстапуваат позициите во споредба со минатата година, што не е изненадување во предвид падот на цената на нафтата. „Exxon Mobil“ паѓа од седмата до деветтата позиција на листата, додека „PetroChina“ отстапува со осум позиции, до 170-то место.

Кинеските и американските компании доминираат во првите десет, а само јапонската „Toyota Motorѕ“ успева да влезе таму.

Генерално 586 американски компании влегуваат во рангирањето од 2000, додека Кина може да се пофали со 249, Јапонија со 219, Британија со 92, а Јужна Кореја со 67.

Рекордната 2015-та година за корпоративните трансакции исто така доведе до некои сериозни скокови во рангирањето. „Kraft“ отскокнува со над 100 места, откако се спои со „Heinz“, додека швајцарскиот осигурител „ACE“ влегува во првите 200, откако го купи „Chubb“.

Движења имаше и во спротивната насока. „PayPal“, која беше одвоена од „eBay“, дебитираше во листата под број 424, а двата дела на „Hewlett-Packard“ исто влегуваат во рангирањето („Hewlett Packard Enterprise“ под број 166 и „HP Inc.“ под број 277).

1. Industrial and Commercial Bank of China

Земја: Кина

Индустрија: Банкарство

Продажба: 171.1 милијарди долари

Добивка: 44.2 милијарди долари

Средства: 3.4 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 198 милијарди долари

2. China Construction Bank

Земја: Кина

Индустрија: Банкарство

Продажба: 146.8 милијарди долари

Добивка: 36.4 милијарди долари

Средства: 2.8 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 162.8 милијарди долари

3. The Agricultural Bank of China

Земја: Кина

Индустрија: Банкарство

Продажба: 131.9 милијарди долари

Добивка: 28.8 милијарди долари

Средства: 2.7 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 152.7 милијарди долари

4. Berkshire Hathaway

Земја: САД

Индустрија: Инвестициски услуги

Продажба: 210.8 милијарди долари

Добивка: 24.1 милијарди долари

Средства: 561.1 милијарди долари

Пазарна вредност: 360.1 милијарди долари

5. JPMorgan Chase

Земја: САД

Индустрија: Финансиски услуги

Продажба: 99,9 милијарди долари

Добивка: 23.5 милијарди долари

Средства: 2.4 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 234.2 милијарди долари

6. Bank of China

Земја: Кина

Индустрија: Банкарство

Продажба: 122 милијарди долари

Добивка: 27.2 милијарди долари

Средства: 2.6 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 143 милијарди долари

7. Wells Fargo

Земја: САД

Индустрија: Банкарство

Продажба: 91.4 милијарди долари

Добивка: 22.7 милијарди долари

Средства: 1.8 илјади милијарди долари

Пазарна вредност: 256 милијарди долари

8. Apple

Индустрија: Хардвер

Продажба: 233.3 милијарди долари

Добивка: 53.7 милијарди долари

Средства: 293.3 милијарди долари

Пазарна вредност: 586 милијарди долари

9. ExxonMobil

Индустрија: Нафта и гас

Продажба: 236,8 милијарди долари

Добивка: 16.2 милијарди долари

Средства: 226.8 милијарди долари

Пазарна вредност: 363.3 милијарди долари

9. Toyota Motorѕ

Земја: Јапонија

Индустрија: Производство на автомобили

Продажба: 235.8 милијарди долари

Добивка: 19.3 милијарди долари

Средства: 406.7 милијарди долари

Пазарна вредност: 177 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП