29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА500.000 eвра и стануваш Црногорец?

500.000 eвра и стануваш Црногорец?

pas cg22

Зошто некој би „купил“ црногорско државјанство? Прашањето кое повторно беше отворено, откако премиерот Мило Ѓукановиќ најави дека Црна Гора ќе воведе економско државјанство. Ова не е прв обид владата да воведе економско државјанство – пред пет години Владата планираше црногорското државјанство да чини половина милион евра.

Ѓукановиќ појасни дека Владата ги усвоила подзаконските прописи за економско државјанство, кои треба дополнително да се доработат, така да засега не се знае колку пари некој ќе мора да инвестира и уште многу тоа. Тоа би требало да биде појасно, како што најави премиерот, за околку еден месец.

Како Владата се откажа во економските државјанства.

Ова не е прв обид владата да воведе економско државјанство – пред пет години Владата планираше црногорското државјанство да чини половина милион евра. Обидот не беше успешен, откако ЕУ, а особено Германија, се спротивставија на таа идеа.

Европската унија, тогаш, директно не бараше од Владата во Подгорица да се укине програмата, но подвлече дека правилата во таа област треба да бидат во согласност со европската Конвенција за националности. Владата по тоа сугерираше дека се откажува од економските државјанства.

Премиерот Мило Ѓукановиќ верува дека сега нема да биде таков случај и додава дека од 2010-та, кога Црна Гора за прв пат нормативно ја одработи идеата за економско државјанство, многу земји вклучувајќи и европски, усвоија таков модел на економски раст. Исто така се надеваат дека не задоцниле на тој начин да бил привлечен капитал кој ќе бил вложен во Црна Гора.

Што вели законот

Црногорскиот Закон за државјанство не ја дефинира категоријата за економско пржавјанство. Со цел економското државјанство да може да се применува потребно е да се променат закони. За негова промена, по Уставот на Црна Гора, потребни се повеќето пратеници од вкупниот број. Дали Ѓукановиќ го има мнозинството во прарламентот на своја страна? или можеби уште подобро прашање – ќе има ли поддршка од реконструираната Влада? или пак се работи за нешто едноставно, па се да се примени нормативно, а ова прашање ќе се стсави на дневен ред по изборите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП