16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто европските пари бегаат од Грција?

Зошто европските пари бегаат од Грција?

grekos 888

Со постигнатиот договор за последниот пакет финансиска помош, Грција и нејзините кредитори може да избегнат нова криза, но во никој случај не работат за решавање на длабокиот проблем – Европејците таму не сакаат да вложуваат пари.

„Kaпиталните текови меѓу остатокот од еврозоната и Грција се еден корисен индикатор за довербата во интегритетот на монетарната унија“, пишува Марк Вајтхаус од „Bloomberg“. Тој може да се следи од податоците на грчката централна банка за капиталот, кој истекува од земјата. Вредноста расте поради загриженоста дека Грција ќе ја напушти еврозоната.

Доаѓањето на власт на премиерот Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА, како и долгите преговори со доверителите водат до масовно истекување. Во годината од јуни 2015-та година, износ еднаков на повеќе од 40% од годишното економско производство на Грција, ја напуштил земјата.

Процесот запира кога Ципрас направи пресврт во јули и се согласи да ги заостри мерките за намалување на дефицитот, во замена за доделување на дополнителни заеми. А сепак не многу приватен капитал се врати во Грција од тогаш – факт кој влијае на капиталните контроли и ги одржува стравувањата за тоа дали Грција ќе остане во еврозоната.

Тешко е да се размислува за реконструкција на грчката економија, додека приватниот капитал не почне да се враќа во многу поголема мера. Тоа сепак нема да се случи, додека инвеститорите не поверуваат во стабилноста на финансискиот систем.

Како што забележува ММФ, најголемата пречка е неподносливиот државен долг. Додека овој проблем не биде адресиран, Грција нема да успее да ги задоволи обврските кон доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП