20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина Скопје без вода на 1-ви јуни

Половина Скопје без вода на 1-ви јуни

cesma voda 333

Поголем дел од Скопје на 1 јуни, од 01 часот по полноќ до 22 часот, ќе биде без вода заради технички зафати во водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Без вода ќе останат корисниците од Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички Пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населбата и селото Радишани, Кучевишка Бара, Чаир, населбите Скопје-Север и Топанско Поле. Без вода ќе бидат и касарната „Илинден“, високата зона на Кале во делот на Француски гробишта, високата зона на Гази Баба, населбата Железара, како и индустриските корисници во кругот на „Рудници и железарница“ и високата зона на населбата Автокоманда.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ додават дека ќе обезбедат цистерни со вода кои ќе ги покриваат деловите на градот што ќе бидат без вода.

За сите други информации граѓаните можат да се јават во Дежурно-информативниот центар на „Водовод“ на телефонскиот број 02 3073-010.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП