25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDaimler е европски шампион според добивката за 2015-та година

Daimler е европски шампион според добивката за 2015-та година

daimler333

Германскиот автомобилски концерн „Daimler“ ја предводи листата за 2015-та година на десетте најголеми европски берзански компании по големина на профитот.

Според анализата на консултантската компанија „Ernst & Young“ минатата година, Концернот постигнал профит пред камати и даноци (EBITA) во износ од 13,2 милијарди евра.

На второ и трето место се пивскиот концерн „AB Inbev“ со оперативен профит од 12,8 милијарди евра и фармацевтскиот концерн „Roche“ со 12,7 милијарди евра. Останатите германски компании во ранглистата се „BMW“ (шесто место) и „Siemens“ (десеттото место).

Според анализата минатата година најсериозна оперативна загуба забележа британскиот „BP“, а по него со оперативна загуба од 4,1 милијарди евра следува германскиот „Volkswagen“. Во однос на приходите, сепак производителот на автомобили е на второ место во Европа.

Според пресметките на „Ernst & Young“ ниту еден концерн од т.н. „New Economy“ – т.е. „IT“ индустријата, не спаѓа во ТОП 10 според профитот.

Сосема поинаква е ситуацијата во САД, каде на чело е „Apple“, а во листата влегуваат и други „IT“ -концерни.

Од „Ernst & Young“ ги анализирале финансиските резултати на 300-те најсилни берзански компании во Европа и САД според приходите, без банките и осигурителните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП