23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus претстави вистински „убиец“ на популарниот MacBook

Asus претстави вистински „убиец“ на популарниот MacBook

asus3333333

Тајванскиот производител на потрошувачка електроника „Asus“ го претстави својот нов лаптоп „ZenBook 3“, кој се очекува да се претвори во вистински кошмар за популарниот производ на „Apple“ во лицето на „MacBook“.

Новиот лаптоп, со дебелина од само 11,9 милиметри, не само што е потенок од лаптопот на „Apple“, но исто така е и со 10 грама полесен – при тежина од 910 грама. Стартната цена исто така е значително пониска кај ниво од 999 долари.

„ZenBook 3“ освен тоа е со помоќен процесор. Тој работи со новиот „Core i7“. Располага со 16 GB RAM меморија, како и четири хард дискови со вкупен капацитет од 1 терабајт. Оваа верзија, се разбира, е со повисока цена од основната – при ниво од 1999 долари.

Екранот на лаптоп е 12,5 инчи, а речиси нема граници. И иако основениот модел е со пониски технички карактеристики, тој се уште користи процесор „Core i5“, кој лесно ќе удира по перформансите на „Core M“ употребен кај познатиот конкурент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП