19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТуркиш ерлајнс отвори нова канцеларија во Скопје

Туркиш ерлајнс отвори нова канцеларија во Скопје

turkis airlines avioniw2

Туркиш ерлајнс ја зајакнува соработката со Македонија, а за таа цел денеска беше отворена нова канцеларија за своите услуги во Скопје.

Турската авионска компанија, во Македонија е присутна 18 години.

„Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка, имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно“, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Туркиш ерлајнс во Скопје.

На отворањето на новата канцеларија присуствуваше турскиот амбасадор во Македонија Омур Солендил истакна дека отворањето на претставништвото е особено значаен чекор за натамошен успех на Туркиш ерлајнс.

Како што потенцира Мерт Дорман, заменик­претседател на Туркиш ерлајнс за Источна Европа и Балкан, почна со работа во 1933 година со пет авиони, а од 2003 година доживеа интензивен раст и меѓу најдобрите компании во светот. Целта, додаде тој, е да достигнат флота од 500 авиони и 120 милиони клиенти во светот.

„Поставените цели се постигнуваат со отворање нови директни линии, зголемување на фреквенцијата кон постојните дестинации и развивање на своите услуги во што се вклучува и отворањето на оваа канцеларија“, рече Дорман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП