23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмате лош работен ден, лоша работна недела? Еве како да ги надминете...

Имате лош работен ден, лоша работна недела? Еве како да ги надминете проблемите!

posao-490x28385859

Ако ви е за утеха, секој од нас доживува денови кога ни изгледа дека се е наопаку. Често на причината не можеме да влијаеме, но сепак нешто можеме. Дознајте што е тоа…

Во зависност од тоа која е причината за вашиот лош ден, еве неколку совети кои ќе ви помогнат барем малку да ги надминете проблемите и лошиот ден да го претворите во успешен.

Неутрален израз на лицето прилагоден на деловното опкружување

Контролирањето на изразот на лицето е вештина што морате да ја совладате доколку сакате во некои мигови да ги сокриете своите емоции. Неутралниот израз на лицето и емоциите кои ги криете можат да ви помогат да се чувствувате како личност која се држи под контрола, и покрај тоа што се случува. Овој начин е одличен доколку сакате приватните проблеми да ги одделите од работата.

Организирајте го вашиот ден

Ако често сте презафатени, организацијата во работата ви е повеќе од потреба. Одвојте време во почетокот на работниот ден и направете детален распоред. Ако забележите дека нешто во распоредот е особено стресно, дајте си време да се подготвите.

Во текот на лошата недела, организацијата на работата ќе ви помогне да останете фокусирани. Следете го својот распоред и фокусирајте го умот на важните прашања и покрај моменталните проблеми. Движејќи се од една до друга задача ќе успеете да ја завршите работата без дополнителен стрес.

Поставете граници

Во текот на тешките и стресни денови, ќе се најдете во ситуација кога ќе се мачите со приватни проблеми со кои мора да се изборите во текот на работното време, за да не ви трпи работата. Многу е важно да бидете во тек со актуелните информации, но исто така многу е важно тоа да не ви пречи во работата. Вашето семејство треба да знае кога може да ви се јави, кои информации се важни да се пренесат веднаш, а кои можат да почекаат.

Општо правило треба да биде дека ако нешто не можете да го решите додека сте на работа, тоа може и да почека.

Немојте секогаш да бидете херој

Само затоа што сте силни и способни не значи дека секогаш можете се да поднесете сами. Научете кога треба да побарате помош, како на работа, така и дома. Нема ништо лошо во тоа да добиете насоки кога ви се потребни. Деловните совети кои ги добивате од колегите великодушно прифатете ги. Понекогаш малиот совет може да биде токму тоа што ви е потребно.

Ако почувствувате потреба за пауза или за одмор, не плашете се да го прашате шефот. Тоа е оправдано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП