28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M3 го слави 30-иот роденден (фото+видео)

BMW M3 го слави 30-иот роденден (фото+видео)

30jahre 00

„BMW“ одбележа три децении од лансирањето на моделот „М3“ со специјална серија од актуелната верзија на овој автомобил.

30jahre 01

Почетник на лозата беше „BMW E30 M3“, кој на патиштата пристигна на половината од 80-тите години од 20-тиот век. Од тогаш имаше пет генерации на најбрзата „тројка“..

30jahre 02

Ексклузивниот јубилеен модел се разликува од „обичниот“ „BMW M3“ пред се поради помоќниот мотор. Шестцилиндарскиот 3.0 TwinPower Turbo доби уште 19ks, па сега развива 450 „коњски сили“. Покрај тоа, автомобилот има оптимизирана адаптивна суспензија со нови амортизери и стабилизатори.

30jahre 04

Пакетот опрема е базиран на „BMW – M3 Competition“, но надворешноста на автомобилот е обоена во посебна нијанска на металик сина (Macao Blue). Oваа боја е избрана во знак на сеќавање на оргиналниот „E30 M“ кај кој беше достапна како опција.

30jahre 05

Како и обично, кога станува збор за специјални серии, и овој „M3“ ќе има видливи амплеми со ознаките на јубилејот, на калниците, праговите, командната табла и седиштата. „Meriono“ кожа е употребена за седиштата, а делови од кабината се обложени со материјали од јаглеродни влакна.

30jahre 08

Производството е ограничено на 500 aвтомобили, а купувачите ќе можат да изберат меѓу мануелен и автоматски „DCT“ менува. Доколку се одлучат за втората опција, нивниот специјален „BMW M3“ ќе може да збрзува од место до „стотка“ за точно 4 секунди, што е за 0,1 секунди подобар резултат во однос на стандардниот „M3“.

30jahre 09

Продажбата ќе започне во текот на летото, а јубилејниот „M3“ во Германија ќе биде поскап од обичниот „M3 Competition“ зa 10.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП