18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks има нов план, САД повеќе не се единствени

Starbucks има нов план, САД повеќе не се единствени

1842898374573dde374d143772524958_w640

Американскиот ланец на кафетерии „Starbucks“, ќе ја отвори својата прва пржилница за кафе која ќе се наоѓа надвор од границите на САД, и тоа во Шангај во 2017 година.

Како што соопшти оваа најголема компанија за кафе, инвестирањето на пазарот во Кина останува големо, и покрај знаците за неговото забавување.

Компанијата моментално има само една таква пржилница во Сиетел, која е отворена во 2014 година, а потпишан е закуп за отворање на уште една во Њујорк.

„Starbucks“ инвестира значителни средства во Кина, најголемиот пазар за оваа компанија надвор од САД, и покрај знаците за забавување на растот во Кина.

Компанијата соопшти во април дека бизнисот во Кина останал силен и покрај заладувањето на нејзината економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП