20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSurface Phone пристигнува во текот на првиот квартал од 2017-та?

Surface Phone пристигнува во текот на првиот квартал од 2017-та?

surfacephone333

Дека „Microsoft“ не се прослави во бизнисот со мобилните телефони, веќе подолго време не е никаква тајна. Серијата на телефони под брендот „Lumia“ значително не ги оправда очекувањата, како на самиот производител (Microsoft), така и на крајните корисници.

Но, веќе некое време се шпекулира дека „Microsoft“ има во план да се врати во бизнисот со телефони, па поради таа цел подготвува нов „Surface Phone“, кој ќе биде се она што не беше ниту една „Lumia“ – ултимативен модел. Како што наведуваат кинските извори (mobipicker.com) пристигнуваат информации (читај: гласини) во делот за најверојатните спецификации со кои ќе се одликува идниот „Surface Phone“.

Според изворот „Surface Phone“ ќе има процесор „Qualcomm Snapdragon 830 SoC“ кој наскоро треба да биде претставен. Што се однесува до меморијата, гласините се движат од класика до максимални претерувања.

Имено, се споменува дека во подготовка се два модели – еден со 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија, како и еден со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Овие два модели засега се водат под „класика“, затоа што телефони со таков хардвер веќе има на пазарот.

Во делот на максималното претерување одат гласините околу бизнис модел кој според изворот ќе има дури 8 GB RAM и 500 GB интерен простор за чување податоци. Но, поради тоа што и тука станува збор за шпекулации, ќе оставиме на времето да покаже, што точно ќе биде претставено од страна на „Microsoft“.

За крај да споменеме на можната цена и времето на пристигнувње на пазарот – oколу 914 долари и првиот квартал од 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП