29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските туристи најдоа замена - 500 % повеќе кон новата дестинација

Руските туристи најдоа замена – 500 % повеќе кон новата дестинација

руски-туристи

Бројот на руски туристи кои патуваат во Грција порасна за повеќе од 500 проценти, објави Асоцијата на руските туроператори, а пренесува порталот Москва тајмс.

Во месец март вкупно 10.000 руски туристи ја посетиле Грција, што е за 526,6 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, се наведува во соопштението на Асоцијацијата.

Од јануари до април оваа година, речиси 20.000 Руси ја посетиле Грција, што е за 135 проценти повеќе околку во истиот период во 2015 година.

Русите потрошија речиси осум милиони евра во Грција во текот на месец март, што е за 180 проценти поголема потрошувачката отколку во претходната година.

Растечкиот интерес на руските граѓани за Грција доаѓа во момент кога се на сила руските забрани за летовите кон Турција и Египет, некогаш најпопуларните дестинации за руските туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП