24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортскиот караван на Subaru (фото)

Спортскиот караван на Subaru (фото)

karasubaru 00

„Subaru“ претстави спортска верзија на караванот „Levorg“ која го доби името „STI Sport“. Возилото е опремено со стандардните мотори за моделот, но е со поагресивен дизајн и променети подесувања на суспензијата.

Новата верзија се разликува од стандардниот „Levorg“ по различните браници, капак и престилки. Покрај тоа „STI Sport“ има заден дифузер, како и со специјални цевките на издувниот систем. Нови се и 18-инчните тркала, како и специјалната боја на каросеријата – „WR Blue Pearl“.

karasubaru 01

Во кабината на возилото се поставени спортски седишта, обвиткани со црна и црвена кожа, а исто така и во долниот дел на воланот. Целосно е наштимано управувањето, поставени се нови предни и задни амортизери и пружини „Bilstein“.

karasubaru 02

Караванот е опремен со систем за погон на сите четири тркала, а се нуди со избор од два бензински мотори. Првиот е 1,6-литарски и развива 170 КС и 250 Нм, а вториот е 2,0-литарски со 300 КС и 400 Нм. Двата мотора работат со вариаторна трансмисија „Lineartronic“.

karasubaru 03

Според информации кои пристигнуваат од Јапонија, веќе се познати цените на новата модификација за домашниот пазар. Основната верзија со послаб мотор стартува од 31.700 долари, додека помоќната е проценета на 36.100 долари. Засега овој автомобил нема да се нуди во Европа.

karasubaru 04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП