16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаучниците измислија „снимач“ на историјата на клетките

Научниците измислија „снимач“ на историјата на клетките

cvc

Американските научници од Универзитетот Вашингтон во Сиетл измислија „снимач“ кој може да ја следи историјата на секоја клетка во организмот.

Станува збор за револуционерна техника, важна во настојувањата да се разбере како милијардите сложени клетки настануваат од една оплодена јајце клетка. Биолог за BBC вели дека оваа техника „може да даде увид во тоа како настануваа нормалните и оштетените ткива“.

Во човековото тело има околу 40 билиони клетки, секоја со специјализирана функција. „Снимачот“ овозможува да се следи историјата на секоја од нив од почетната точка, од оплодената јајце клетка, велат научниците.

„Молекуларниот снимач“ кој го развил тим предводен од професори од универзитетот во Сиетл, е всушност парче ДНК вметнато во геном кој дава своевидни баркодови на клетките. На тој начин, тие може да ја следат историјата на секој орган поединечно, на пример на левото или на десното око или на срцето.

Молекуларниот биолог од Универзитетот Харвард, Алекс Шриер, додава дека оваа техника може да се употребува и за следење на настанувањето на туморите, да ја појасни врската меѓу клетките на туморот, како и меѓу примарните и секундарните тумори, кои создаваат метастази.

Научниците истакнуваат дека многу наследни болести се развиле поради погрешното генетско програмирање. Односно, дека во основа на тие болести можено е да има „грешка во баркодот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП