18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Божиновски“ ги претстави новите модели на Calvin Klein за 2016 година

„Божиновски“ ги претстави новите модели на Calvin Klein за 2016 година

bozinovski-naslovna

На ексклузивна презентација во петок на 27 мај во Јавната соба (Public Room) беа претставени сите колекции на Calvin Klein за 2016 година. На уникатната презентација која ја организираа Божиновски и Calvin Klein присуствуваа само претставници на медиумите.

Во минималистички уредениот простор, во духот на Calvin Klein, беа изложени софистицираните парчиња накит и часовници на овој бренд. За време на презентацијата имавме можност за прв пат, покрај колекциите што се веќе достапни во продажба, да ги погледнеме и почувствуваме колекциите кои допрва треба да се најдат во продажба. Најголема инспирација за колекциите се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот.  Преку својот накит и часовници, Calvin Klein нѐ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот.

„Новата кампања на Calvin Klein нѐ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотото е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата ‪минута!“ – изјави Ана Божиновска, менаџер за бренд на компанијата Божиновски.

Од Божиновски истакнаа дека Calvin Klein не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона.

DSC_0319

026

DSC_0399

DSC_0374

DSC_0335

DSC_0437

DSC_0434

unspecified

DSC_0460

088

036

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП