29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel влегува на пазарот за автономни автомобили

Intel влегува на пазарот за автономни автомобили

intel cekor

Американскиот технолошки концерн „Intel“ ја купува стартапот за компјутерска навигација и машинско учење „Itseez“ за да почне да развива подобри производи за навигација за идни автономни автомобили. Влегувањето на „Intel“ во оваа гранка на пазарот е интересно решение, а компанијата не ги откриваат финансиските параметри на овој договор.

Основана во 2005-та година во Сан Франциско, „Itseez“ развива производи со специјални компјутерски алгоритми, кои им помагаат на автономните автомобили да се ориентираат во нивната околина. Така тие можат да избегнуваат различни пречки на патот, како патокази, други автомобили и пешаци, па така да обезбедат најдобар начин на безбедност.

Оваа аквизиција се случува само еден месец откако „Intel“ го купи „Yogitech“, кој развива производи за т.н. Интернет на нештата.

Одлуките го маркираат стратешкиот потег на „Intel“ за промена на основната насоченост од производител на чипови кон „облак“ технологијата и интернет на нештата (IoT). „Itseez“ ќе стане дел од дивизијата за „IoT“ на технолошкиот концерн и ќе развива алгоритми за набљудување, роботи, смартфони и спортски анализи.

Единиците за центарот за податоци и за интернет на нештата кои генерираат 40 отсто од вкупните приходи на „Intel“, веќе се главни двигатели на растот на компанијата и помагаат да се надмине падот на пазарот на компјутери, генерирајќи минатата година приходи за вкупно 2, 2 милијарди долари.

Но реструктуирањето исто си има цена – „Intel“ скратува 12.000 работни места, или 11 отсто од вкупниот број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП