29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom го тужи General Electric - не го почитувал договорот

Alstom го тужи General Electric – не го почитувал договорот

81708444157488b1bb233e935351821_w640

Француската компанија „Alstom“ ја обвини американската „General Electric – GE“ за кршење на договорените обврски поврзани за купувањето на одделението за сигнализациона опрема.

Француската компанија подигна тужба пред судот во Њујорк во која стои дека „GE“ не ги почитувал договорените процедури за решавање на спорот пред арбитражните тела.

„GE“ му го продаде одделението за опрема за железничка сигнализација на „Alstom“ во 2014 година за 800 милиони долари во склопот на аквизацијата на одделението за енергетска оперма за околу 10,6 милијарди долари.

На почетокот на оваа година меѓу двете компании се појави спор околу проценката на вредноста на имотот кој „Alstom“ го купи.

Бидејќи не успеаа сами да го решат спорот во договорениот период, „Alstom“ се обиде да покрене процес пред договорениот арбитер, сметководствената куќа „Deloitte“.

„GE“ му одговори на „Alstom“ дека не се согласува со неговите пресмeтки и на 9-ти мај поднесе барање за покревање на арбитражна постапка пред Меѓународната комора за трговија, се вели во судските документи на „Alstom“.

„Не се согласуваме со тврдењата и драго ни е што ќе го решиме спорот како што е е регулирано во договорот“, изјави портпаролот на американската компанија.

Портпаролот на „Alstom“ не сакаше да го коментира случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП