19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДостапен суперавтомобил претставија и од McLaren (видео)

Достапен суперавтомобил претставија и од McLaren (видео)

evyi3

Производителот „McLaren“ го претстави моделот со продажна цена од околу 200.000 долари. Овој автомобил е дел од напорите на компанијата да го зголеми производниот капацитет.

Тој, исто така доаѓа во одговор на слични претставени автомобили и од други производители на суперавтомобили, меѓу кои е „Lamborghini“. Моделот го носи името „McLaren 570S“. Тој ќе биде првиот суперавтомобил на британскиот производител, рекламиран како „достапен“ и со слична ниска цена.

За разлика од моделите „P1“ или „650S“ и „675LT“, овој автомобил нема да биде меѓу иконите за компанијата, но ќе го направи брендот повеќе популарен, сметаат пазарни набљудувачи.

Внатрешноста е опремена со кожа. Моделот има комплексен систем за сопирање и керамички сопирачки, а моторот е 3.8-литарски битурбо со моќност од 562 коњски сили. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 3.1 секунди, додека максималната брзина е 320 km/h.

Очекувањата се од возилото да бидат продадени 3.000 примероци во текот на оваа година, а тој број може да се зголеми при потенцијалното претставување на „GT“ модификација, која се очекува да се појави следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП