25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин воведува „руски биткоин“

Путин воведува „руски биткоин“

putin-440x283

Русија планира да воведе сопствена дигитална валута, која ќе биде признаена од тамошните финансиски власти.

За идејата за национална криптовалута веќе разговарале претставниците на банките, Министерството за финансии, но и Централната банка.

Останува сепак, да се разработи начинот на кој таа ќе биде воведена во финансискиот систем на државата. Засега се планира издавањето и користењето на таа валута да се лиценцира.

Компаниите, но и поединците ќе можат да менуваат рубљи (и други валути) за оваа дигитална валута на специјални електронски платформи, а како што се најавува анонимноста на купувачите и трансакциите ќе биде сведена на минимум.

Како што пренесува рускиот Комерсант, со воведување на национална дигитална валута, би се забраниле сите останати виртуелни валути во Русија.

Руските официјални лица се против валутите како што е биткоинот, тврдејќи дека поради недостатокот на надзорно тело, биткоинот е совршено средство за незаконски трансакции, без оглед дали станува збор за перење пари, купување на сомнителна стока, финансиски терорирам и сл.

Поради тоа Русите ќе ја регулираат употребата на нивната валута. Значи,  доколку на некој начин бидете измамени, судот ќе може да го разгледа вашето барање, порачуваат претставниците на руската регулаторна власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП