28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали факултетот е гаранција за успех на работа?

Дали факултетот е гаранција за успех на работа?

diploma-645x330

Неодамна британскиот магазин Гардијан објави коментар на новинарката Хелен Вајтхаус во кој она открива дека по втората година од студиите одлучила да го напушти факултетот и дека смета дека тогаш ја донела вистинската одлука која и овозможила да го пронајде патот до успехот кој инаку не би го пронашла.

Студирањето, како што вели таа, по две години толку и се згадило што цело едно лето го поминала заработувајќи за живот во продавница и на некој начин собирала колку што можела повеќе новинарско искуство.

Природно е тоа што компаниите настојуваат да привлечат што подобри млади лица кои штотутку дипломирале и сакат да работат. Меѓутоа, предупредува таа, постои мноштво од студенти на кои дипломите сепак нема да им помогнат да најдат подобра работа. Таа се повикува на истражувањето кое покажа дека иако со идентични дипломи, младите кои потекнуваат од сиромашните семејства по дипломирањето имаат пониски плати од своите колеги кои пораснале во услови со повисок животен стандард.

Таа истакна дека главен мотив за студирање кајцповеќето млади е надежта дека така полесно ќе најдат работа. Истовремено, трошоците за живот се се поголеми, школарините се се повисоки, а и понудите за работа се понесигурни, така што таа предвидува дека наскоро ваквата состојба младите ќе ги оддели од универзитетите, особено во оние подрачја, вели таа, во кои практичното искуство е многу поважно од обавувањето на работата, како што е тоа во новинарството, кое е нејзин избор.

Таа признава дека и понатака се среќава со предрасудите дека е автоматски послабо образувана затоа што не дипломирала. И додека искрено се радува на секој свој пријател и колега кој дипломирал, нејзе апсолутно не и паѓа на памет да се врати на факултет додека тој дел од образовниот систем не биде многу поинтензивно завртен кон практичниот дел од образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП