24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗQashqai станува конкурент на BMW X1 и Audi Q3

Qashqai станува конкурент на BMW X1 и Audi Q3

kaski 333

„Nissan“ се подготвува да пушти на пазарот нова модификација на популарниот модел „Qashqai“, која ќе треба да се стави во сегментот на луксузни кросовери и да се бори со конкурентите како „BMW X1“ и „Audi Q3“.

Смислен од Јапонците, новиот модел всушност ќе претставува сериска верзија на концептот „Nissan Qashqai Premium“ прикажан на автосаемот во Женева во март. За „Autocar“ главниот дизајнер на проектот Дерил Шривен изјави дека прототипот беше развиена со идејата подоцна да биде пуштен во сериско производство и тоа е на пат да стане реалност.

„Во моментов работиме на адаптацијата на материјалите во кабината, каде што ќе има кожа „Nappa“ и специјален лак. Некои од елементите од концептниот модел – како златна покриеност и карбон, сепак ќе бидат отстранети“, призна Шривен.

Новата верзија на „Qashqai“ ќе го задржи зголеменото за 20 мм растојание помеѓу двете оски, како и проширените крила, кои даваат поимпресивен изглед на кросоверот. Браниците, главните светла и стоп-светлата исто така нема да бидат променети.

Се очекува премиум кросоверот на „Nissan“ да се појави во продажба следната година. Покрај „BMW X1“ и „Audi Q3“ во компанијата имаат зацртано уште еден потенцијален конкурент – се уште неизлезениот „Volvo XC40“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП