25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпаркасе банка може да купува акции од Македонска берза и Централниот депозитар

Шпаркасе банка може да купува акции од Македонска берза и Централниот депозитар

sparkase-banka111

Комисијата за хартии од вредност на 93-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ, Елизабета Чингаровска на „Шпаркасе банка” АД Скопје ѝ даде согласност за стекнување квалификувано учество во Mакедонска берза АД Скопје и во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 отсто од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва.

Согласно Одлуката за купување, „Шпаркасе банка” АД Скопје има намера да стекне 278 обични акции од Македонска берза АД Скопје што претставува 9,95 отсто од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, односно 14,03 отсто од акционерскиот капитал на депозитарот.

Доколку „Шпаркасе банка” АД Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги поседува, вкупно би имала 15,97 отсто од акциите на Македонска берза АД Скопје и 19,98 отсто од акциите на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

На седницата што се одржа во четврток, Комисијата за хартии од вредност издаде една дозвола за инвестициски советник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП