28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во енергетиката основа за економски развој во земјата

Инвестициите во енергетиката основа за економски развој во земјата

sredba evn 33

Создавање услови за имплементирање на промените во енергетскиот сектор во насока на обезбедување на континуиран развој и инвестиции, беше главна тема на средбата помеѓу министерот за економија Дритон Кучи и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

На средбата Петер го информираше министерот за економија за досегашните инвестиции во реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа во насока на подобрување на квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето на потрошувачите, како и забрзување на процедурите за поврзување на енергетскиот систем за компаниите како предуслов за водење на бизнис во земјава. Во овој сегмент направен е голем напредок од стана на ЕВН Македонија, што е нотирано и во извештајот на Дуинг бизнис на Светската банка.

Според министерот Кучи, енергетската политика е еден од клучните сегменти, бидејќи без развој на енергетиката нема ниту развој на реалниот сектор, па оттаму во фокусот на Министерството за економија е создавање на регулатива која ќе креира услови за развој на енергетскиот сектор, особено пред престојните силни структурни реформи во овој сектор, поради што соработката помеѓу Министерството за економија и компаниите е од особено значење.

Петер на средбата посочи дека ЕВН, како важен дел од енергетскиот сектор, продолжува да инвестира во модернизација и подобрување на услугите во сегментот на дистрибуција и снабдување, што претставува еден од главните предусловите за имплементирање на реформите во енергетскиот сектор и поголемо приближување до стандардите на ЕУ.

Покрај ова, на средбата стана збор и за досегашната соработка помеѓу ЕВН Македонија и Министерството за економија во рамките на проектот „Платформа за енергетска ефикасност“, во кој двете страни реализираа низа активности во насока на поголема афирмација и примена на енергетската ефикасност.

Согласно препораките на Енергетската заедница Македонија треба да постигне енергетски заштеди од 9 отсто до 2018 година.

Министерот за економија Кучи, денеска оствари средба и со генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов, со цел претставување на состојбите на актуелните заеднички проекти и утврдување на динамиката за нивна реализација.

Директорот на МЕПСО Спасов го запозна министерот Кучи со проектите кои  што се реализирани, но ги презентираше и тековните активности на државниот електропреносен систем, како и проектите кои се планирани за идниот период, а се однесуваат на изградба на интерконективни далеководи, и тоа со Албанија, Косово и другите земји. Тема на разговор беа и активностите за реконструкција на постоечките и изградба на нови далеководи на територијата на Македонија.

Кучи и Спасов ставија акцент и на подготовките на самитот во Париз, особено во делот на меките мерки во делот на електриката, прекуграничното балансирање и другите обврски коишто произлегуваат од членството на Македонија во Енергетската заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП