19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi влегува и на пазарот на дронови

Xiaomi влегува и на пазарот на дронови

midron 90

Кинеската компанија „Xiaomi“ ги претстави првите модели дронови и тие се супер евтини. Двата модели го носат името „Mi Drone“ и беа претставени вчера.

„Mi Drone 1080“ ќе биде финансиран во апликацијата „Mi Home“ од 26-ти мај. „Mi Drone 4K“ пак ќе биде достапен за бета тестерите во јули.

midron 91

Основачот на „Xiaomi“ Леи Џун го претстави „Mi Drone“ пред 370.000 гледачи за време на лајвстрим. Самиот дрон тежи само 140 грама. За време на презентацијата Леи Џун изјави дека тој е плод на над 7 години студии и над 30 прототипи. Дронот може да лета во текот на 27 минути, или колку најдобро продаваните модели на „DJI Phantom 3“ и „Phantom 4“. Батеријата е 5100mAh, а според Џун заменувањето на истата е многу лесно.

„Mi Drone“ располага со автопилот и систем за враќање, од каде полетал што може да се случи со притискање на само едно копче. Новиот дрон исто така има „GPS“ и „GLONASS“ за подобро позиционирање. „Mi Drone 1080“ располага со 16-мегапикселна камера „Sony“. За „4K“ моделот камерата е 12-мегапикселна.

midron 92

Карактеристиките се добри, но најатрактивно нешто е цената. „Mi Drone 1080p“ ќе чини само 380 долари, додека „Mi Drone 4K“ ќе се продава за 456 долари. За споредба, „4K“ верзијата на „Phantom 3“ на „DJI“ се продава за 800 долари во САД. „DJI Phantom 3 Standard“ е по цена од 499 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП