28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбе: Постои опасност од финансиска криза со големина на последната

Абе: Постои опасност од финансиска криза со големина на последната

abee44

Раководителите на индустриски развиените земји од Г-7 изразија сериозни сомнежи во врска со статусот на новите економии. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе направи дури споредба со финансиската криза од пред осум години.

Абе наведе дека цените на суровините се намалиле за 55% од 2014-та година – или истото темпо, со кое се забележаа загуба за време на финансиската криза. Овој факт во голема мера може да се смета како „предупредување за никнување на нова криза со димензиите на оваа од банкротот на „Lehman Brothers“, коментира Абе, цитиран од весникот Nikkei.

Јапонскиот премиер изјави дека лидерите на земјите од Г-7 се согласија дека има потреба од флексибилни мерки за „поттикнување“ на светскиот раст, но времето и степенот им зависат конкретно од секоја земја. Некои земји сепак не ја гледаат потребата од слични активности, додава Абе. Поконкретно Британија и Германија се прогласуваат против потребата од примена на слични дополнителни фискални стимуланси.

„Лидерите на земјите од Г-7 изразија мислење дека земјите во развој се во многу тешка ситуација, иако преовладуваат сфаќањата дека сегашната ситуација се уште не е криза“, коментира Абе по првиот ден од дводневниот самит на земјите одржува во Јапонија.

Меѓу јуни 2014-та година и јануари оваа година цените на суровините загубија 55%. Со толку поевтинија тие во периодот меѓу јули 2008-ма и февруари 2009-та година, по колапсот на „Lehman“, потсети уште Абе.

Според некои експерти, јапонскиот премиер ја користи средбата на земјите од Г-7 како прилика за да го одложи планираното зголемување на данокот на додадена вредност од осум на 10%, кое требаше да се случи до април следната година. Меѓу другите дискутирани теми за време на средбата се кризата со бегалците во Европа, тероризмот и сајбер-криминалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП