19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка со две нови услуги за корисниците - НЛБ мКлик и...

НЛБ Банка со две нови услуги за корисниците – НЛБ мКлик и Cash In

nlbklik3 3333

Две нови услуги, НЛБ мКлик и нови Cash In функционалности на банкоматите, денеска на прес конференција ги презентираше претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Антонио Аргир.

Според Аргир, со воведувањето на новите услуги НЛБ Банка ја продолжува репутацијата на предвесник во дигитализацијата на банкарството во Македонија.

„Новата НЛБ мКлик апликација на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката“, рече Аргир.

Тој појасни дека апликацијата нуди можност за промена на лимитите на картичките, сѐ со цел поголема сигурност и флексибилност при користењето на платежните картички.

Покрај тоа, како што рече Аргир, преку НЛБ мКлик апликацијата клиентите ќе имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат директно да комуницираат со банката и да го лоцираат најблискиот банкомат или експозитура.

Покрај овој новитет, НЛБ Банка воведе и нови функционалности на своите банкомати за уплата на готовина за физички и правни лица (Cash In).

„Со ова, физичките лица ќе имаат можност да извршат уплата на својата трансакциона сметка, кредит или платежна картичка, додека правните лица ќе можат да уплатат готовина од дневен пазар или на бизнис картичка“, рече Аргир.

Промотивно апликацијата ќе биде бесплатна првите два месеца, а потоа ќе бидат понудени кориснички пакети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП