19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Грција од двојната криза излегува неповредена

Ципрас: Грција од двојната криза излегува неповредена

cipras-dolg

Грција излегува неповредена од двојна криза и ќе вложи напори да му помогне на најслабиот дел од општеството, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на средбата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, пренесува Athens News Agency.

„Минуваме низ две симултани кризи, економската и бегалската, што беше невидено за нашата земја, но ние излегуваме неповредени, стоејќи на нозе. Сега започнува долгата и тешка борба да ги излечиме раните кои нашите најслаби граѓани ги претрпеа“, рекол Ципрас.

Коментирајќи ја средбата на Еврогрупата, тој рече дека Грција чекала четири години да се дојде до решение кое вклучува конкретен патоказ и обврски за олеснување на долгот.

„Ова покажува дека солидарноста од страна на нашите партнери е остварлива идеја, а не само желба“, додал грчкиот премиер.

Во врска со евакуација на кампот во Идомени, пак, Ципрас изјавил дека тоа се одвива без насилство и дека овој камп е „рана во управувањето на бегалската криза, што несомнено е успешно управување, најмногу поради големиот успех на договорот меѓу ЕУ и Турција”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП