20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрци што сега? ММФ се повлекува!

Грци што сега? ММФ се повлекува!

ципрас-грци-грб

ММФ соопшти дека не е подготвен да додели средства за европската спасувачка програма наменета за Грција и побара детален план за реструктуирање на грчкиот долг.

„Грција е во ситуација кога и е потребна траншата, така што секако дека сакавме да се согласиме за некои прашања. Меѓутоа, не се согласивме во поглед на точката за која ни се потребни соодветни уверувања за ублажување на товарот на долгот на Атина пред да излеземе пред нашиот Одбор. Се надевам дека ќе го реализираме тоа.“, изјави еден неименуван висок претставник на ММФ по маратонските преговори.

Кредиторите од Европската унија инсистираат на тоа ММФ да ги додели средствата за актуеланта, трета програма за помош на Грција, но Фондот своето учество во пакетот помош го услови со барање за посилни акции на доверителите во однос на планот за намалување на товарот од долгот на Атина, со цел таа земја да биде во состојба да ги закрепне јавните финансии и да поттикне раст на економијата.

„Без олеснување на товарот од долгот за повеќе милијарди, долгот на Атина само ќе расте, додека нејзината економија ќе паѓа“, се наведува во анализата на ММФ за одржливоста на грчките финансии во наредните 40 години.

Министрите на еврозоната постигнаа вчера согласност, по маратонските преговори, за деблокада на пакетот помош за Грција, одобрувајќи ја исплатата на новата транша готовина во износ од 10,3 милијарди евра (12 милијарди долари.)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП