25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР одржа работилница за компаниите со стока за широка потрошувачка

ЕБОР одржа работилница за компаниите со стока за широка потрошувачка

ebor-ebor

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со цел да им излезе во пресрет на малите и средни претпријатија (МСП), одржа работилница за начините за зголемување на конкурентноста и градењето на извозните капацитети на компаниите за стока за широка потрошувачка (СШП).

Настанот траеше половина работен ден, и успеа на едно место да ги собере претставниците на 40 локални компании и 3 меѓународни консултанти за СШП и претприемачи. Учесниците разговараа за најдобрите меѓународни пракси во индустријата, пазарните трендови и стратегиите за развој на извозот.

Во секторот на СШП, доминираат МСП, кои имаат важна улога во економијата на Република Македонија. Истиот зафаќа 21,5 отсто од производните резултати и заедно со агри секторот во земјата, придонесува со околу 10 отсто во БДП.

Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Македонија изјави: ,,Гледаме особено голем потенцијал за идниот раст и инвестиции во секторот на стоките за широка потрошувачка. Еден од начините за поттикнување на економијата на земјата и креирањето на нови работни места, е да им помогнеме да станат поконкурентни и да ги изградат своите извозни капацитети”.

Јаромир Левичек, Раководител на економскиот оддел во Делегацијата на Европска Унија во Македонија додаде: ,,Свесни сме дека компаниите имаат потреба од финансирање на нивните бизниси, но потребно им е практично знаење за подобрување на работењето и растот. ЕУ и ЕБОР креираа посебна програма за користење на финансиските инструменти, основана под Фондот за развој и иновација на претпријатијата. Нашата цел е да ја подобриме подготвеноста за инвестирање на малите бизниси, кои се носител на економијата на Западен Балкан.”

ЕБОР работи заедно со ЕУ во обезбедувањето на потребните деловни советодавни услуги на МСП во Македонија. Банката ги поврзува своите клиенти со локалните консултанти и меѓународните советодавачи, кои можат да помогнат во трансформирањето на широк спектар деловни активности.

Во рок од една година, преку проектот за советодавни услуги наменет за компаниите во земјата, се зголеми обртот за скоро 50 отсто, а продуктивноста забележа раст од над 50 отсто, во над 70 отсто од компаниите, кои ги прошируваа нивните бизниси. Повеќе од половина од нив, бележат значајно креирање на работните места, а над 20 отсто успеваат да обезбедат надворешни фондови за финансирање на нивниот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП