19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо кои земји смартфоните iPhone се најевтини?

Во кои земји смартфоните iPhone се најевтини?

iphone88

Продажбата на паметните телефони „iPhone“ се намалува за 16% во последниот квартал, стана јасно од тримесечните резултати на „Apple“.

Падот значи и губење на удел на пазарот во однос на „Android“ уредите речиси во секоја земја во светот. Аналитичарите сметаат дека продажбата на „iPhone“ ќе продолжи да се намалува до крајот на оваа година.

Денес „iPhone“, кој се продава за околу 600 долари во САД, е поскап во секоја друга земја. Истражување на „Deutsche Bank“ покажа дека во Бразил и Индонезија неговата цена е со соодветно 56 и 45% повисока во однос на САД. Во челото се уште Шведска и Индија, како и Италија, каде што цените се повисоки со меѓу 28 и 33 проценти.

Токму во Индија на главниот директор на „Apple“ Тим Кук му беше поставено доста неповолно прашање од локален новинар: „Дали навистина „iPhone“ чини за тоа што се плаќа, бидејќи во одделни држави функционалности, кои можат да бидат употребени, се значително повеќе помалку во однос на САД“.

„Да, навистина цената може и да е висока. Сакаме со текот на времето да ја намалиме, со што можеме да си го дозволиме“, изјави Кук.

Главната причина за цената на телефоните, освен транспортните трошоци, се уште и локалните даноци, како и флуктуациите на локалните валути.

Најмалку е цената на смартфоните „iPhone“ во Хонгконг и Јапонија – односно со 1 и 7 отсто, додека во ЈАР, Швајцарија и Сингапур – 11% повеќе во однос на САД. Цената во Велика Британија е за 12 отсто, во Филипи за 14 отсто, во Мексико за 15 отсто, а во Русија, Кина, Канада и Малезија за 16% повисока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП