28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4-ти Саем за транспорт - Товарни возила од 25-ти до 28-ми мај

4-ти Саем за транспорт – Товарни возила од 25-ти до 28-ми мај

tovarni saem 33

Во периодот од 25.-28. мај на надворешниот изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 м2 ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.

На саемот ќе се претстaват следните брендови/компании:

1. Schmitz Cargobull (овластен импортер Шмиц Каргобул Македонија)

2. Mercedes Benz (официјален застапник МакАутоСтар)

3. Iveco (преку овластениот импортер Cargomax)

4. DAF (овластен импортер ДМ Транс)

5. Kogel (овластен импортер ДМ Транс)

6. Krone (овластен импортер Траилер центар Југ-исток)

7. Volvo (преку овластениот импортер Волво Македонија)

8. Scania (претставени преку овластениот импортер Сканиа Македонија)

9. Great wall (претставени преку овластениот импортер Толту моторс)

10. Мотоцентар (увозник на водечки брендови на гуми)

Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила. Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување.

Шмиц Каргобул Македонија на саемот ќе го претстави брендот Schmitz Cargobull со 4 возила: полуприколка церада SCS 24/L – 13.62 E B, ултра лесна полуприколка церада SCS 24/L – 13.62 X-light, полуприколка ладилник со Schmitz Cargobul разладен уред со двоен температурен режим SKO 24/L – 13.4 FP 60 COOL EXECUTIVE, полуприколка ладилник со THERMOKING разладен уред SKO 24/L – 13.4 FP 60 COOL.

На штандот на МакАутоСтар ќе бидат прикажани моделите на Mercedes-Benz: Actros, Sprinter, Vito, како и автобусот од моделите Tourismo 17 RHD.

Брендот Iveco преку фирмата Cargomax, Скопје, од својата палета на производи ќе ги претстави следните возила: IVECO STRALIS 440S46 T/FP Мега влекач, IVECO STRALIS 440S46 T/P Влекач ( 2 возила со различно ниво на опрема), IVECO DAILY 50C15 V FURGON, IVECO DAILY 70C15 V FURGON.

Траилер центар Југ-исток на саемот ќе се претстави со товарно возило-ладилник Krone Cool Liner (SDR 27 eL4-S ).

На саемот Volvo ќе ја претстави својата палета на камиони и тоа 4 камиони Volvo FH42T – влекачи од кои еден камион Volvo FH42T dual clutch.

Сканиа Македонија ќе се претстави со следните нови Scania возила: R450 LA4x2MNA, R410 LA4x2MEB, P250 DB4x2MLA и користени возила: R440 LA4x2MNA, G420 LA4x2MNA.

Толту моторс на саемот ќе го претстави Great Wall Steed 5, товарно возило, модерeн pick up со продолжена кабина со 5 места за седење и товарен простор позади. Стандардната опрема на возилото вклучува клима уред, ABS+EBD, воздушни перничиња, централно заклучување, 16-инчни алуминиумски бандажи, аудио систем со MP3, дневни светла. Great Wall Motors е најголем приватен производител на автомобили во Кина, чии производи се продаваат во над 100 земји во светот.

Мотоцентар како увозник на премиум брендови на гуми во Македонија, на саемот ќе се претстави со најновите шари и нови достигнувања на брендовите за гуми за товарни возила: Michelin, Continental, Bridgestone, Pirelli, Kormoran.

Партнер на манифестацијата ќе биде, веќе традиционално, СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.

Очекуваме, како и другите години, и оваа саемска „транспортна“ манифестација да ги исполни очекувањата на посетителите и деловната публика, која вообичаено за овој сегмент достигнува бројка од околку 5.000 лица.

Работното време на саемот ќе биде од 10.00 – 18.00 часот, а влезот за посета е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП