23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите и сиромашните домаќинства во ЕУ

Богатите и сиромашните домаќинства во ЕУ

mone1

Словенечките домаќинства важат за едни од најсиромашните во Европската унија, со просечна нето вредност на имотот од околу 150.000 евра по домаќинство.

Според резултатите од анкетата која ја спроведе Европската централна банка во 15 земји од ЕУ, најбогати домаќинства има во Луксембург, каде што просечната нето вредност на имотот по домаќинство е 710.000 евра.

Веднаш зад Луксембург е Кипар, со просечна вредност од 670.900 евра, пренесува словенечката агенција СТА.

Белгија е на третото место со речиси двојно помала просечна вредност на домаќинствата од Кипар – 338.600 евра. Следат Естонија – 291.400. Италија – 275.200, Австрија – 265.000 и Франција – 233.400 евра.

Интерсен е фактот дека Германија е на деветтата позиција со просечна нето вредност на имотот од 195.200 евра. Словенија е на 13 позиција, а посиромашни од неа се единствено Грција со 148.000 евра и Словачка со просечна нето вредност на имотот по домаќинство од 79.700 евра.

Вкупно 62.000 домаќинства во цела Европа беа вклучени во истражувањето, кое ЕЦБ го спроведе со помош на националните статистички агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП