19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Ако е потребно затворете ги банките

Лагард: Ако е потребно затворете ги банките

Ireland Ms. Christine Lagarde

Директорката на ММФ Кристин Лагард ги повика европските власти да ги интензивираат реформите на банкарскиот сектор и да затворат одделни банки, ако тоа е неопходно.

Лагард изјавила дека еврозоната постигнала многу добри резултати во решавањето на должничката криза, но дека има уште многу работа во банкарскиот сектор.

Таа додаде дека недоволното работење на зајакнувањето на комерцијалните банки го оневозможува водењето на прилагодлива мoнетарна полтика, која би овозможила обезбедување на поволни кредити за клиентите.

„Приоритет мора да биде подобрувањето на банкарскиот систем преку докапитализација, реструктуирање и затварање на банките таму каде што е потребно“, изјави директорката на ММФ.

Таа додаде дека многу банки во периферните држави од еврозоната имаат премногу лоши кредити, пренесува агенција АФП.

Лагард изјави дека оваа година не очекува значително поголем раст на глобалната економија во споредба со 2012 година и нагласи дека услов за стабилен економски напредок е сигурниот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП