25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон - најбогатиот град во ЕУ

Лондон – најбогатиот град во ЕУ

*

Централниот дел на Лондон во кој постојат големи финансиски центри е најбогатиот регион во Европа.

Според ранг листата на „Еуростат“ најбогатите региони во ЕУ за 2010 година, која е направена на основа на регионалниот доход по глава жител (врз основа на националниот бруто домашен производ – БДП) изразен според европските стандарди за куповната моќ, најбогатиот регион во Европа е централниот дел на Лондон со големите финансиски центри.

Тој регион остварил 328 проценти од просечниот европски БДП.

На второ место е Луксембург како следен финансиски центар со 266 проценти, додека Брисел го завзема третото место со 223 проценти. На четвртото место на ранг листата за најбогат регион во ЕУ е Хамбург, со 203 проценти, што исто така е и најбогатиот регион во Германија.

На петтото место на листата се  Париз и универзитетскиот град Гронинген во Холандија со 180 проценти од просечниот европски БДП, додека на седмото место е Братислава. Потоа следат Прага и Виена, а шведската метропола Стокхолм е на деветтото место.

Вкупно 40 региони во 2010 година оствариле повеќе од 125 проценти од европскиот регионален просек.

Најмногу добростоечки региони има во Германија (8), во Холандија и Австрија (5) и Белгија (4).

Меѓу најсиромашните региони во Европската унија, кои се под 75 проценти од регионалниот европски просек се Полска (15), Чешка, Грција, Романија со (7) и Унгарија  (6).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП