16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот S&P 500 порасна на рекордно највисоко ниво

Индексот S&P 500 порасна на рекордно највисоко ниво

sip-rekord

Индексот на Њујоршката берза S&P 500 синоќа на крајот на берзанското тргување достигна ниво од 1.588 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.

Досега рекорното највисоко ниво од 1.576 индексни поени S&P 500 го оствари на 11 Октомври 2007 година, односно пред избувнувањето на глобалната економска криза.

Покрај S&P 500, на вчерашното берзанско тргување на Волстрит порасна и индустрискиот индекс DowJones и тоа за 125 индексни поени на 17.799 поени, што претставува негов најголем дневен раст во последниве шест недели.

Растот на вредностите на индексите на Берзата во Њујрок следи по минатонделениот пад на довербата на инвеститорите, предизвикан од неповолните податоци за состојбата на  пазарот на трудот во САД и од показателите за забавување на растот на американската економија во текот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП