23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Да го укинеме даночниот рај во Европа“

„Да го укинеме даночниот рај во Европа“

fransoa1

Местата во Европа и целиот свет кои се наречени даночен рај треба да бидат укинати, бидејќи тоа е услов за зачувување на работните места“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

Оланд воведува нов обвинител за финансиски криминал и од француските банки бара да ги објавуваат листите на сите свои филијали во светот.

Оваа одлука следеше како реакција на скандалот во кој францускиот министер за финансии беше принуден да поднесе оставка по откривањето дека тој имал тајни сметки во странство.

Тој додаде дека за даночен рај ќе ја смета секоја земја која ја одбива соработката со Франција.

Оланд, исто така, наведе дека членовите на Владата до понеделник мора да достават комплетен преглед за својот имот, а тоа мора да го направат и пратениците и другите локални функционери.

Во моментов, само претседателот на Франција мора јавно да го објави својот имот. Оланд изјави дека ќе формира обвинителство кое ќе се занимава со прашањата за корупцијата и големите фискални измами.

Говорејќи за признанието на неговиот поранешен министер за буџет Џероми Кахузак, кој имал сметка во Швајцарија и Сингапур, францускиот претседател одговори дека е многу повреден од тоа што се случило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП