23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Рекорден долг од 130% од БДП

Италија: Рекорден долг од 130% од БДП

italija1

Нивото на италијанскиот јавен долг оваа година ќе достигне рекордни 130,4 проценти oд бруто домашниот производ (БДП), се наведува во владината долгорочна буџетска програма.

Италијанската влада ја усвои оваа програма која предвидува забрзување на економскиот раст и намалување на јавниот долг на почетокот на наредната година.

Програмата, сепак, ќе мора да ја измeни и дополни наредната влада, и покрај фактот што политичките партии во таа земја сеуште не постигнале договор, со цел да се стави крај на застојот кој настана по завршувањето на неизвесните избори на 24-25 февруари, пренсува Франс Прес.

Со оваа програма се предвидува дека италијанската економија оваа година ќе потоне за 1,3 проценти, по штo ќе следи раст од 1,3 проценти во 2014 година, и 1,4 процентен раст во 2015 година.

Јавниот дефицит оваа година би требало да се намали на 2,9 проценти, односно на 1,8 проценти во 2014 и 1,5 проценти во 2015 година, додека нивото на јавниот долг во 2013 ќе се зголеми на рекордни 130,4 проценти, а потоа постепено ќе се намалува на 129 проценти во 2014 и 125,5 проценти во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП