20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГледање Евровизија на отворено во сабота пред Амбасадата на Шведска

Гледање Евровизија на отворено во сабота пред Амбасадата на Шведска

evrovizija

Во пресрет на овогодинешната Евровизија, чиј домаќин оваа година е Шведска, Амбасадата на Шведска во Македонија организира настан гледање на финалната вечер в сабота, на 14 мај 2016 година под отворено небо на плоштадот „Јадран“ пред амбасадата со почеток во 20:30ч.

Настанот „Ајде да гледаме Евровизија заедно“  е од типот „ние го носиме екранот, вие донесете си пијалок“.

Евровизијата оваа година се организира во Стокхолм под мотото, “Да се обединиме”, слоган што означува славење на она што ги обединува Европејците: силна верба во важноста на креативноста, културата, разновидноста и едноставно заедничката забава. И настанот на плоштадот „Јадран“ цели токму кон истото, низ заедничка забава, да се слави културата,  разновидноста и креативноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП