18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за професионална ориентација на младите

Конференција за професионална ориентација на младите

mladi-profi

Ротари клубот Скопје Камен Мост во соработка со Меѓународното училиште НОВА и поддршка од градот Скопје организира Конференција за професионална ориентација на средношколци под мотото „Зошто е толку важно да ја изберам вистинската професија за мене?“.

Конференцијата ќе се одржи на 13.04.2013, сабота, од 12:00 до 17:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА.  Повеќе истакнати говорници како Венко Андоновски, Жан Митрев, Димитар Богов и Илијанчо Гаговски, ќе го споделат своето лично искуство, за тоа како тие ја избрале својата животна професија пред ученици од 2-ра и 3-та година средно образование.
Се очекува преку 100-тина ученици од скопските средни училишта да бидат присутни на настанот каде ќе имаат можност лично да ги слушнат искуствата на говорниците, а подоцна во мали групи ќе имаат шанса подетално да се информираат за специфичните професии како академска кариера, архитектура, бизнис и финансии, здравство и медицина, инженерство и право. Предавањата во малите групи ќе бидат водени од видни членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост.

Ротари клубот Скопје Камен Мост изминатите години своите активности ги насочи кон поддршка на млади талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал. Во таа насока е и тековната иницијатива за конференција за професионална ориентација на млади. Во таа своја цел Ротари клубот е поддржан од Меѓународното училиште НОВА кое исто така во својата мисија го има вградено принципот за професионална наобразба на своите ученици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП