18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдо Маајка, Игор Џамбазов и Тропико Бенд, дел од „Пролетен Вино Фест...

Едо Маајка, Игор Џамбазов и Тропико Бенд, дел од „Пролетен Вино Фест 2016“

vin3

Уште неколку дена не делат од почетокот на петтиот по ред „Пролетен Вино Фест“.

И оваа година има одлична музичка програма за сите вкусови. Свој настап ќе имаат: босанскиот рапер Едо Маајка, неповторливиот Игор Џамбазов, мајсторите за забава Тропико Бенд, најдобриот македонски хип-хоп диџеј Гоце САФ, младата атракција Chill Play, шармерот Влатко Илиевски, кралот на народната песна Миле Кузмановски, шоуменот Жаре Бербер, Brass Brothers, Accustic Division, Backdoor Band, Караваниа, Каверленд, Диџеј Тина, Диџеј Александар Јорданов и други.

На овогодинешното издание ќе земат учество повеќе од десет македонски винарии кои на „Пролетниот Вино Фест“ ќе го понудат своето најдобро: Тиквеш, Сковин, Бовин, Стоби, Поповска Кула, Далвина, Повардарие, Визба Валандово, Вардарска Долина, Пивка и други. Покрај најубавите македонски вина посетителите ќе можат да уживаат и во вкусни и деликатесни мезиња од повеќе македонски мезиња.

Од 11-ти од 15-ти мај „Пролетнен Вино Фест“ на паркингот пред Веро Центар, секој ден од пладневните до доцните часови Скопје ќе пулсира во ритамот на виното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП