29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМисајловски во Тирана за искуствата од електронски одобренија за градба

Мисајловски во Тирана за искуствата од електронски одобренија за градба

misa33

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, учествува на втората меѓународна конференција „Е-дозволи за конкурентен регион”, што се оддржува во Тирана, Албанија.

На конференцијата, министерот Мисајловски ги презентираше реформите што ги спроведе Република Македонија во делот на електронско издавање на градежни дозволи.

„Почнувајќи од 1 јуни 2013 година, постапката за издавање на одобрение за градење за сите видови на градби во Македонија се спроведува на електронски начин преку Информациски систем е – одобрение за градење, а од 1 ноември 2013 година преку истиот систем на електронски начин се спроведуваат и сите останати постапки за добивање на одобренија во делот на градежништвото“, рече Мисајловски.

„Главната цел на овој информациски систем е овозможување на брзо и ефикасно поднесување на барањето за добивање на одобрение за градење како и другите барања предвидени со Законот за градење, без при тоа да се доаѓа во институциите, увид во секоја фаза од постапката, целосна информираност на барателот, увид во роковите за постапување, како и намалување на трошоците на постапката“, истакна министерот Мисајловски.

Со воведувањето на оваа реформа, Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и централна Азија, во последниот Извештај на Дуинг Бизнис, на ранг листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.

Тој рече дека со размената на податоци што се спроведува во електронска форма преку овој систем, се редуцираа бројни административни процедури кои претходно се спроведуваа, со што се придонесе за значително скратување на роковите за издавање на одобрение за градење.

Меѓународната конференцијата во Тирана е втора по ред од овој вид и се организра се со цел да се презентираат предностите на електронското издавање на градежни дозволи.

Покрај министерот Мисајловски, на конференцијата присуствуваат и министрите за транспорт, инфраструктура и просторно планирање на Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП